Врз основа на член 18 од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр. 52/10, Собранието на здружението на станари сопственици на Антенски дистрибутивен систем Стар Аеродром – Скопје го прилагоди статутот на новиот Закон.
Поважни одредби од статутот се:
- Називот на здружението гласи: Здружение на станари сопственици на Антенски дистрибутивен систем Стар Аеродром – Скопје
- Краток назив: АДС Стар Аеродром Скопје
- Здружението е непрофитно, неполитичко и членови на здружението може да бидат само сопственици на АДС Стар Аеродром, кои имаат стекнато право на сопственост врз основа на судско решение I РЕГ. ЗГ. БР. 41/2001 од 15.05.2001 година.
- Здружението има својство на правно лице со права, обврски и одговорности согласно со уставот и законот.
- Цели и задачи на здружението:
1. Раководење со АДС
2. Грижа за негово исправно функционирање
3. Одржување и модернизација на системот
4. Грижа за домаќинско користење на имотот и средствата кои му припаѓаат на здружението
- Здружението целите и задачите ги остварува преку органите на здружението како што е пропишано во статутот на АДС:
1. Претседател
2. Собрание
3. Извршен одбор
4. Надзорен одбор
- Здружението своите материјални тежнички средства ги обезбедува од сопствени извори – членарина. Финансиските средства се употребуваат за остварување на целите на здружението.
- Член на здружението може да биде секој сопственик на АДС под следниве услови:
1. Да учествува во активностите на здружението
2. Да ги почитува и спроведува одлуките на здружението
3. Да ја плаќа членарината за одржување на системот
- Престанок на членувањето настанува:
1. Со истапување од здружението по сопствена војла
2. Со непочитување на одредбите, програмата и другите акти на здружението
3. Поради неплатена членарина подолго од 3 месеци